За овој месец граѓаните ќе добијат сметки со новата цена на струјата, која со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика се повисоки за 12,3 проценти. Тоа во месецот на високи летни темеператури, кога потрошувачката на струја драстично скокна, ќе значи удар врз семејниот буџет. Од 1 јули важан новите цени на струјата. Пратениците се’ уште немаат расправано за измените на Законот за ДДВ, кој предвидува намалување на данокот на струјата од 18% на 5%, со што се компензира зголемувањето на цената. Законот не ни ставен на седница на Собранието, што ги разгневи граѓаните, кои коментираат дека некој „политички“ закон итно ќе добиеше европско знаменце и преку ноќ ќе добиеше зелено светло.
Додека ЕВН потврдува дека сметките за јули ќе се изработат со повисока цена, министерот за финасии Фатмир Бесими вчера изјави дека посакпувањето сепак ќе биде избегнато, доколку пратениците успеат да ги донесат измените до крајот на месецот.
„Сè додека Законот не помине во Собранието не се изгласа и не се објави во Службен весник, важи постојното законско решение, а тоа е ДДВ-то е 18 проценти. Затоа постојано апелиравме да има разбирање и во дискусија колку што е можно побрзо да пројде тоа во Собрание“, рече министерот Бесими.
Од ЕВН пак изјавуваат дека работат според одлуките и законите, според тоа, ќе ги мора да почитуваат и најновите измени, а тоа значи вкалкулирање на нови 12,3% во сметките.