Џејдон Санчо на медицински прегледи во Манчестер Јунајтед – ММС
ММС

Објавено на: 07/13/21 3:26 PM

Џејдон Санчо на медицински прегледи во Манчестер Јунајтед

Англискиот репрезентативец и поранешен младинец на Манчестер Сити, Џејдон Санчо, се наоѓа на медицински прегледи во Манчестер Јунајтед, пред да го реализира трансферот од Борусија Дортмунд вреден 73 милиони фунти, пренесува „Sky Sports“.

На една од подолгите трансфер саги во последниот период, која траеше приближно две години, конечно му се наѕира крајот и левото крило ќе заигра на „Олд Трафорд“ под палка на Оле Гунар Солскјер.

Манчестер Јунајтед и минатото лето се обидуваше да се договори со Борусија Дортмунд, но превисоката оштета ги натера челниците на „црвените ѓаволи“ да се откажат од неговите услуги барем за уште една сезона.

Од стартот на кампањата 2018/2019 во Бундеслигата, Санчо има забележано вкупно 78 асистенции и погодоци, статистика која го става рамо до рамо со Килијан Мбапе, Кристијано Роналдо и Лионел Меси на листата од топ 10 G/A играчи.

Брзоногиот фудбалер не доби вистинска шанса од Герет Саутгејт на ЕУРО 2020, а неговото учество на турнирот ќе се памети по промашениот пенал во финалето на „Вембли“ против Италија.

 

 

 

Фото:

marca.com