Тешка кражба во куќа на ул.„Франц Прешерн“ во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/18 1:32 PM

Тешка кражба во куќа на ул.„Франц Прешерн“ во Скопје

Непознат  сторител вчера извршил тешка кражба во куќа на ул.„Франц Прешерн“ во Скопје.

МВР информира дека кражбата во Полициската станица Карпош ја пријавила сопственичката на куќата Л.З. (53).

Сторителот со употреба на сила влегол во куќата и одзел две пушки и пиштол марка „Црвена Застава М-88“ калибар 9 мм, сопственост на нејзиниот починат сопруг, златен накит и 70 евра, по што побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.