Дополнителни 1.100 лица ќе бидат опфатени со новиот Предлог на Закон за стечајците – ММС
ММС

Објавено на: 07/13/21 2:41 PM

Дополнителни 1.100 лица ќе бидат опфатени со новиот Предлог на Закон за стечајците

Премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска го претставија новиот Предлог на Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата. Предлогот на Законот, денеска беше усвоен на седница на Влада, по предлог на Министерството за труд и социјална политика.

Со овој Предлог-закон се зголемува опфатот на дополнителни 1.100 стечајци кои ќе добијат можност да остварат месечен надоместок во износ од 9.242 денари, односно 34 проценти од просечната месечна нето плата исплатена по работник претходната година. Со последната измена речиси 13 илјади лица ќе добиваат материјален надоместок до вработување или до пензионирање.

Министерката Шахпаска, подвлече дека Предлог законот е подготвен во директната комуникација со граѓаните, како и од анализата на досега поднесените барања според  кои дојдовме до сознанија дека на некои им недостигале само неколку месеци за да го исполнат условот од 15 години работен однос во претпријатието со доминантна сопственост на државата, поради што не можеле да го остварат ова право.

„На денот на поднесување на барањето, невработеното лице треба да е на возраст од најмалку 52 години (жена), односно 55 години (маж); да остварило право на паричен надоместок по 1 јануари 1993 година и од 31 декември 2020 година до денот на влегување во сила на овој закон, да не било во работен однос. Правото на паричен надоместок во висина од 9.242 денари, невработените лица, односно стечајците ќе го остваруваат се до нивното вработување или пензионирање преку Агенцијата за вработување”, извести Шахпаска.

O.K.