Се чекаме пред вселенската станица Ќустендил – Игор Џамбазов се пошегува на сметка на Слави Трифонов – ММС
ММС

Објавено на: 07/13/21 2:24 PM

Се чекаме пред вселенската станица Ќустендил – Игор Џамбазов се пошегува на сметка на Слави Трифонов

Слави Трифунов изјави дека ќе аплицира за членство на Бугарија во Европската вселенска агенција и ќе испрати маж и жена кои ќе бидат првите бугарски астронаути во НАСА, па потоа и додаде дека ќе вклучи и еден северномакедонски астронаут.

По оваа изјава нашиот шоумен Игор Џамбазов на својот Инстаграм профил се пошегува на сметка на Слави Трифунов.

 

– Ги повикувам сите колеги астронаути, утре во 17 часот да се чекаме пред вселенската станица Ќустендил, за да го одработиме првиот тренинг, напиша Џамбазов и објави урнебесна фотографија.

Слави Трифонов и Игор Џамбазов се познаваат лично своевремено му беше гостин во неговата емисија.