Хрватскиот репрезентативец пред прагот на Милан – ММС
ММС

Објавено на: 07/13/21 10:34 AM

Хрватскиот репрезентативец пред прагот на Милан

Замената за Хакан Чалханоглу, кој како слободен играч се пресели во редовите на Интер, „росонерите“ ќе ја добие во хрватскиот репрезентативец и фудбалер на ЦСКА Москва, Никола Влашиќ.

Според рускиот фудбалски експерт, Артур Петросјан, дваесет и тригодишниот играч за врска ќе потпише договор со Милан, а црвено-црните за неговите услуги ќе мораат на Русите да им исплатат 25 милиони евра плус бонуси.

Влашиќ како еден од најталентираните фудбалери во хрватското првенство во 2017 година доаѓа во Премиер Лига, во екипата на Евертон. На „Гудисон Парк“ не добива доволно шанса и следното лето ја променува средината.

За осум милиони евра, Влашиќ станува играч на ЦСКА Москва и тоа се испоставува како одличен потег во неговата професионална кариера. Сега Хрватот е еден од најдобрите индивидуалци во Премиер Лигата на Русија и како таков се подготвува за голем трансфер во италијанскиот гигант.

 

 

Фото:

sempremilan.com