(Видео) Можно е Југославија да победи на ОИ, рече екс тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, Бајрон Скот – ММС
ММС

Објавено на: 07/13/21 7:23 AM

(Видео) Можно е Југославија да победи на ОИ, рече екс тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, Бајрон Скот

Во кој свет живее поранешниот тренер и играч на Лос Анџелес Лејкерс, Бајрон Скот? Југославија не постои веќе 30 години, а на прашањето да ги искоментира изгледите за избор на САД на претстојните Олимписки игри, по шокантниот пораз на подготвителниот натпревар против Нигерија, тој направи неверојатен лапсус.
– Поразот од Нигерија е веројатно најголемиот неуспех во историјата на репрезентацијата на САД, но јас не сум толку загрижен бидејќи селекторот Грег Поповиќ и момците само се подготвуваат за Олимписките игри. Америка се соочува со тешка задача, но сепак мислам дека тие се главните фаворити за златото. Ако требаше да се обложам, ќе ги инвестирав своите пари во САД – рече Скот.

Но,  на прашањето кој може да изненади, следуваше неговиот смешен одговор, со кој доцни три децении:

– Тоа е добро прашање. Франција има добар тим. Југославија е секогаш добра. Како Русија. Секогаш постои еден тим што ќе ве изненади. Можеби оваа година може да биде Кина, рече тој без размислување, како да сме во 80тите години на минатиот век.