Лубеницата е една од најздравите намирници кои го чистат нашето тело и го одржуваат имунитетниот систем стабилен. Но, сечењето е некогаш проблем и оставаме неред наоколу..
Повеќето луѓе ја сечат лубеницата со сечење парчиња по должина, така што формата наликува на бродови, но авторот на ова видео докажува дека дефинитивно не е најдобро и најпрактично решение.
Сечењето често е проблем – скоро е невозможно да се исече без хаос во кујната, или можни повреди, бидејќи за лубеницата мора да се користи голем и остар нож.
Овој трик за сечење лубеница е совршена алтернатива за тоа, а парчињата ќе бидат совршено еднакви.
Наместо да ја исечете лубеницата со нож, обидете се со конец. Ќе се изненадите колку е лесно и едноставно.
Завиткајте конец околу показалецот од левата и десната рака, со распон од околу 20-30 см. Потоа повлечете ја конецот низ лубеницата.
Извор: Стил.курир.рс