Откако неговиот договор со Барселона истече на 30 јуни, најдобриот светски фудбалер Лионел Меси (34) „останува краток“ за сто илјади евра секој ден, но тоа веројатно не го загрижува бидејќи заработуваше околу 75 милиони евра по сезона во Барса, објави францускиот дневен весник „Л’квип“.
Меси беше во Бразил последниот месец дена, каде што ја предводеше репрезентацијата на Аргентина до титулата во Копа Америка, што му е прв трофеј во дресот на репрезентацијата и прва титула на Аргентина во Копа Америка по 28 години. Аргентина го совлада Бразил со 1-0 во финалето на Маракана во саботата, а Меси играше во финалето и покрај повредата.
Според шпанските медиуми, Барселона постигнала договор за нов договор со таткото на Меси, кој е и негов менаџер, па Меси најверојатно ќе ја заврши кариерата на „Камп Ноу“, а договорот треба да биде потпишан наскоро.
Извор: hr.n1info.com