Најдлабокиот светски базен за нуркање е отворен во Дубаи, а посетителите ќе може да се спуштат на 60 метри длабочина каде може да играат аркадни игри.
Дубаи, кој важи за туристички и целовен центар каде температурите со месеци се многу високи, е познат по екстравагантните атракции како што се затворени скијачки патеки, големи водни паркови и највисоката зграда во светот.
Базенот кој е со големина на шест олимписки базен е потврден и во Гинисовата книга на рекорди како најдлабокиот базен за нуркање. Deep Dive Dubai наведува дека базенот е 15 метри подлабок од кој било друг базен. Нуркачите се спуштаат со звуци и осветлување.
Извор: rs.n1info.com