Никол Шерцингер (43), поранешна пејачка на групата „Пусикет Долс“, повторно ја воодушеви публиката со серија фотографии во црвено бикини, кои ги објави по повод Светскиот ден на бикини.
– Малку доцнам на Националниот ден на бикини, но бев инспирирана од доцниот пост на Ева Лонгорија, па не можев да одолеам! П.С. Насликана пред топчиња со шпагети и моцарела, напиша Никол покрај фотографиите направени на италијанското езеро Комо, каде беше на одмор минатата недела.
Со неа е нејзиното момче, поранешниот рагбист Том Еванс (36). Тие се запознаа пред две години на Х-Фактор и оттогаш се неразделни. Никол често објавува фотографии со своето ново момче, а на ова патување докажа колку е навистина за вљубена, бидејќи физички контакт помеѓу двајца љубовници ретко изостанува на сликите што ги објавуваат. Тие го прославија нејзиниот роденден минатата недела, а Том и испрати романтична порака.
– Се надевам дека роденденот ти беше убав и полн со љубов, како што си. Никол Шерцингер Те сакам многу, и напиша тогаш романтичарот Том. Двојката по Италија отпатува на грчкиот остров Миконос, а Никол веднаш објави нови фотографии, повторно воодушевувајќи ги обожавателите.
Поранешната членка на групата „Пусикет Долс“ со години е упорна во својата здрава рутина, што вклучува здрава исхрана и одење во теретана, а не пропушта и часови по јога, како што покажа на сликите каде што е во пози за медитација.
Преземено од: https://www.vecernji.hr/