Случајот со жител на Русија, кој стана милионер преку ноќ само со банкарска грешка, е доказ дека животот може да биде суров и дарежлив истовремено. Триесет и петгодишниот Роман Јурков доби 95,2 милиони руби или 1,3 милиони долари, по техничка, дигитална грешка од страна на банката.
Јурков среќен со парите на сметката замина во шопинг. Купил четири апартмани, автомобил, скап телефон.
Ја повикал банката за да го провери салдото на неговата сметка, добил потврда што покажува дека има 1,3 милиони долари на сметката.
Тој ја искористил банкарската грешка, ги повлекол парите и заминал во шопинг. За 24 часа, тој направил 220 одделни трансакции.
Јурков истакнал дека бил во постојан контакт со банката, што потврдиле и претставниците на банката.
Преземено од: https://www.srbijadanas.com/