Планетата „се пржи“: Надминато е најлошто сценарио, следат екстермни температури – ММС
ММС

Објавено на: 07/11/21 10:49 AM

Планетата „се пржи“: Надминато е најлошто сценарио, следат екстермни температури

Светот мора да ги засили подготовките за екстремна топлина, што може да ја погоди планетата побрзо и посилно отколку што беше претходно предвидено.

Ова го предупредија група водечки климатски научници по застрашувачките високи температури забележани на северната хемисфера – Канада, САД и Европа.

Минатата недела таканаречената „топлинска купола“ над Британска Колумбија, државата Вашингтон и Орегон на некои места ги сруши рекордите на температурата за над пет степени Целзиусови, а тоа зголемување се сметаше за невозможно пред две недели, велат експертите.

Ова предизвика загриженост дека климата го надмина опасниот праг.

Првите анализи на топлотниот бран, објавени во средата, открија дека климатските промени предизвикани од човечки фактор ги прават екстремните временски услови најмалку 150 пати поверојатни, објави „Гардијан“.

Температурите растат низ целиот свет како резултат на штетните емисии на гас.

Научниците долго време предвидуваа рушење на рекорди на топлина со зголемен интензитет.

Но, авторите на новата студија рекоа дека последниот топлотен бран го надмина и најлошото сценарио на климатските модели, принудувајќи ги да го ревидираат нивното разбирање за топлинските бранови и да ја разгледаат можноста другите делови на светот да претрпат слични температурни шокови на северниот дел хемисфера.

“Ова е убедливо најголемиот скок во рекорд (температура) што некогаш сум го видел. Дефинитивно не треба да очекуваме дека топлотните бранови ќе се однесуваат како во минатото, во смисла на тоа за што треба да се подготвиме”, рече др. Фредерик Ото со Универзитетот во Оксфорд и еден од основачите на групата WWA „Светски временски атрибути“ која направи нова студија.

Клучниот фокус сега е на тоа дали погодените области едноставно немале среќа или дали климатскиот систем го надминал прагот и влегол во нова фаза во која мала количина на глобално затоплување може да предизвика побрз пораст на екстремните температури.

Друг автор на студијата, Герт Јан ван Олденборг од холандскиот Кралски метеоролошки институт, рече дека до минатата година, стандардните климатски модели претпоставуваа дека постои горна граница на топлотните бранови што се движат двапати побрзо од пошироките глобални трендови на топлина.

“Мислевме дека знаеме што се случува. И тогаш дојде овој топлотен бран кој беше далеку над горната граница. Со знаењето од минатата година тоа беше невозможно. Беше изненадувачки и шокантно. Сега сме помалку сигурни за топлотниот бран отколку што бевме“, рече тој.

Топлина со рекордни 49,6 степени што ги погоди САД и Канада, на слична географска ширина како Велика Британија, каде температурата беше умерена, однесе над 500 животи, предизвика катастрофални пожари, целиот град Литон изгоре за 15 минути, оневозможени електрични мрежи и топење на патиштата. Научниците истакнуваат дека слични трендови можат да се сретнат и во многу други делови на светот, иако тие честопати остануваат незабележани, особено во субсахарска Африка, која нема многу станици за набудување и прима многу помалку внимание од медиумите од Соединетите држави и Канада. Делови од Сибир и Пакистан исто така неодамна претрпеа невообичаено интензивни топли бранови. Најтоплите денови досега во јуни беа забележани минатиот месец во Хелсинки, Москва и Естонија.

Преземено од: https://www.b92.net/
Фотографија: Profimedia