(Видео) Ечеше Скопска чаршија од Лазарополе до тетовско јаболче – Концерт за 30 години бисер македонски – ММС
ММС

Објавено на: 07/11/21 12:07 AM

(Видео) Ечеше Скопска чаршија од Лазарополе до тетовско јаболче – Концерт за 30 години бисер македонски

Вечерва во Куршумли Ан во Скопје  се одржа концерт, кој беше насловен „За многу години Македонци“, а мотото на концертот беше – Македонската народна музика,  30 години бисер на независна Македонија.

Беше вистинско уживање на едно емсто да се видат и слушнат „Синтезис“, Наум Петрески и Зуица Лазова.  Беше вистинско уживање да се слушне убавата македонска музика испеана и отсвирена  од амбасадорите на македонскиот фолк.

Чаршијата ечеше со „Ој девојче“, „Оди ѕвездо“, „Лазарополе“, „Утринска коба“, „За многу години Македонци“ и други песни, кои се нивен знак на распознавање.

Публиката, која поради протоколите не беше помалубројна, но не престана да пее заедно со нив.

(В.М.)