Го подобрува метаболизмот, го чисти телото од токсини: Црната лимонада идеален летен напиток – ММС
ММС

Објавено на: 07/10/21 1:41 PM

Го подобрува метаболизмот, го чисти телото од токсини: Црната лимонада идеален летен напиток

Кога сакате да си ја вратите силата и да добиете енергија, првиот чекор што треба да го преземете е да направите детоксикација на организмот. Започнете од еден напиток кој е вистинско совршенство во летните денови. Се работи за лимонада, но не обична.

Лимонадата на многумина им е омилен летен пијалок, таа е вкусна и совежителна, но ако додадете активен јаглен во неа, ќе добиете совршен напиток. Токму поради јагледот, овој напиток ќе добие црна боја, а вкусот ќе остане непроменет. Црната лимонада ќе го му помогне на телото да се ослободи од токсините, ќе го исчисти црниот дроб и ќе го намали холестеролот. Црната лимонада помага при проблеми со кожата, може да ви помогне ако имате и надуеност и гасови. Со помош на овој напиток ќе го регулирате дигестивниот тракт и ќе го подобрите метаболизмот. Активниот јаглен инаку, е добиен со деструктивна дестилација на материјали од разни растенија и кора од кокос и има апсорбирачки својства, па затоа и ги отстранува штетните материи и токсините од телото.

За подготовка ви се потребни:

Сок од половина лимон или лимета
Чаша минерална или кокосова вода
Пола лажичка активен јаглед
Во вода додајте го сокот од лимон и јагленот во прав. Промешајте добро и напитокот е готов. Пијте еднаш неделно и никако почесто од тоа.

Напомена: Оваа лимонада може да го намали дејството на одредени лекови. Поради тоа, доколку пиете некои лекови, треба да внимавате да има интервал од два часа од земањето на лекот и пиењето на лимонадата.

 

Фото: instructables.com

Извор: srbijadanas.com