Што се’ треба да содржи „аптеката за патување“: Докторка објасни што задолжително да земете за на одмор – ММС
ММС

Објавено на: 07/10/21 10:29 AM

Што се’ треба да содржи „аптеката за патување“: Докторка објасни што задолжително да земете за на одмор

Секој кој планира да оди на одмор, треба да знае како правилно да патува по овие летни горештини. Одморот е клучен, но одредени работи треба да ги земете задолжително со вас за да бидете здрави и безгрижни за време на патувањето. Докторката Бојана Ачимовиќ од Итната медицинска помош во Белград вели дека е важно во вашата „аптека за патување“ да ставите неколку работи.

„Ако имате мачнини во текот на патувањето, постојат лекови кои треба да ги испиете на време за да немате тегови. Хронично болните граѓани би требало да ја земат со себе својата редовна терапија, но она што исто така треба сите да го имаат се лекови  против алергија и температура. Спакувајте пробиотик, како и медицински јаглед. Тоа е нешто најосновно за да можеме безгрижно да заминеме на пат“, додава докторката.

Таа апелира за време за патувањето да се зема полесно храна, а оние кои возат задолжително да прават паузи за да бидат одморени и да останат фокусирани.

За оние кои не планираат патување се препорачува да излезат на прошетка, а кафето да го испијат во природа.

„Хронично болните да ја пијат својата терапија и д ане излегуваат во периодот од 12 до 17 часот кога е најтопло. Децата задолжително намачкајте ги со заштитна крема и уживајте на сенка“ , додава докторката.

Фото:  Илустрација / Designed by Freepik

Извор: mondo.rs