105 години од Букурешкиот договор и поделбата на Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/18 11:23 AM

105 години од Букурешкиот договор и поделбата на Македонија

ММС, 10.08.2018

 

На денешен ден пред точно 105 години во главниот град на Романија бил потпишан Букурешкиот мировен договор, со кој била поделена и Македонија. Договорот е последица на двете балкански војни. Во Првата (1912 година) балканските сојузници заеднички се бореле против Турција, а во Втората (1913 година), по победата во Првата балканска војна, сојузниците завојувале помеѓу себе за распределба на територии, најмногу за Македонија.

Така, територијата на Македонија што зафаќала површина од околу 68.000 квадратни километри и во Отоманската империја го зафаќала централниот дел на Балканот, била поделена меѓу четири држави. Грција го добила егејскиот дел со површина од 34.500 квадратни километри, Србија – вардарскиот дел со 25.500 квадратни километри, пиринскиот дел со околу 7.000 квадратни километри и’ бил доделен на Бугарија, а околу 1.000 квадртни километри добила и Албанија.

Благодарение на народноослободителната и антифаштистичка борба во Втората светска војна, македонскиот народ успева да создаде своја држава само во вардарскиот дел.