Торакални хирурзи од нашата Клиника ќе испратиме на Клиниката AKХ Виена на Медицинскиот Универзитет, каде ќе се обучуваат да трансплантираат бели дробови, најави министерот Венко Филипче на неговиот „Фејсбук“ профил.
-Ова денеска договоривме со торакалниот хирург, проф.д-р Волтер Клепетко кој лани го предводеше тимот на хирурзи кои успешно извршија трансплантација на бели дробови на пациентка заразена со Ковид. Ова беше првпат во Европа едно лице заразено со коронавирус да има трансплантација на бели дробови од донор. Со д-р Клепетко договоривме соработка и во други области во хирургијата. Чест ми е што денеска беше мој гостин, за спомен му подарив пеперутка во филигран, со себе да ја понесе традицијата и умешноста на нашите мајстори на филигранството, напиша Филипче.