(ФОТО) ,,Кај можеле скопјаништана да се појаки од нас”, во Охрид асфaлтираат и дрвја – ММС
ММС

Објавено на: 07/9/21 6:20 PM

(ФОТО) ,,Кај можеле скопјаништана да се појаки од нас”, во Охрид асфaлтираат и дрвја

Кај можеле скопјаништана да се појаки од нас. Бетонирале дрворед на кејот на Вардар. Аматери. Ние можеме ако сакаме и да ги асфалтираме дрвјата, иронично реагираат од граѓанската иницијатива ,,Охрид СОС” на нивната ,,Фејсбук” страница, во однос на коловозната лента која одзема дел од ридот и вегетацијата, а реферирајќи на неодамна забетонираниот дрворед по кејот на Вардар во Скопје.

-Ам ние мојме ак’ сакаме и да ги асфалтираме дрвјата. Не мојме? Ево, почекајте. Без никаков план претставен пред жителите на општината, без никаква најава, со нивната типична „транспарентна“ работа, сигурно во „склоп“ со Планот за управување со Охридскиот Регион и Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, од Општина Охрид решиле да направат уште една коловозна лента на угорницата од Кошишта кон Горна Порта, притоа одземајќи дел од ридот и вегетацијата, па дрвјата кутри испаднале надвор, на улица. Уште еден „брилијантен“ потез на локалната самоуправа и јавните претпријатија. Кој ќе е обвинет сега, во охридскиот случај? Работниците, контролата, некој случаен минувач? До кога ќе се уништува природата, до кога вака дилетантски ќе се работи? Која е потребата од проширување на коловозот во овој дел од градот и вакво заробување на дрвјата, стои во реакцијата.

За потсетување, неодамна во центарот на  Скопје на кеј „13 ноември“, дрворедот беше заботенориан по грешка на изведувачот, а потоа екипите на Град Скопје ги ослободија дрвјата.