Денес вниманието на минувачите на плоштадот Бан Јелачиќ во Загреб го привлекоа момчиња и девојчиња облечени во српска народна носија, со знамето на Србија во рацете, кои играа „Ужичко оро“
Според медиумите, станува збор за настан „Меѓународен фолклорен фестивал“, што се одржува во Загреб од 23 -ти јуну до 1 -ви август 2021 година.
Na Trgu bana Jelačića veselo od jutra, Užičko kolo i to… pic.twitter.com/en8Ow7Oktl
— Jasminko Umićević (@JUmicevic) July 9, 2021
Видеото кое кружи на социјалните мрежи покажува членови на КУД од Србија во српска народна носија како играат во централниот дел на плоштадот, додека граѓаните на Загреб љубопитно ги гледаат и снимаат.
Според програмата на веб-страницата на настанот, овој перформанс на плоштадот Бан Јелачиќ не е вклучен во редовната програма, и, покрај тоа, во делот каде стојат гостинските друштва КУД, пишува дека оваа година учество земало изворното здружени „Мика Шестак“ од Шврљиг. Сè уште не е познато дали тие го претставиле најпознатото „Ужичко оро“ пред луѓето во Загреб.
Преземено од: https://rs-lat.sputniknews.com/