Жените кои се изложени на загаден воздух имаат до 33 пати поголема веројатност за силни менструални грчеви – открива една нова студија. Познато е дека аерозагадувањето е поврзано со низа здравствени проблеми, меѓу кои канцерот и срцевите болести. Едно ново истражување пак, открива дека изложувањето на воздух кој е високо загаден може да го зголеми ризикот за болни менструални циклуси.
Научниците од кинеската медицинска Универзитетска болница во Тајван открија дека долготрајната изложеност на загаденост на воздухот може во голема мера да го зголеми ризикот од димонореја – чести јаки и болни грчеви кај жените.
Дисменорејата е најчестото гинеколошко пореметување, а поврзано со грчеви и болки во долниот дел од стомакот пред или за време на менструацијата. Истражувањето на научниците открива дека кај жените кои живеат на место со високо ниво на аерозагаденост, ризикот од менструални болки е за 33 пати поголем, за разлика од останатите жени.
Националниот институт за здравство и нега објасни: „Дисменорејата е честа. Стапката на распространетост варира и теоретски се движи од 16 до 91 % кај жените во репродуктивен период“.
Оваа состојба може да биде последица на хормонски дисбаланс или да биде поврзана со други гинеколошки состојба како што се миомите или ендометриозата.
Иако за дисменорејата не постои конкретен лек, нејзините симптоми може да се спремат со антиинфламаторни лекови.
Младите жени се во поголема опасност
Сега за првпат е откриен уште еден важен фактор кој може да влијае на развојот на дисменорејата: квалитетот на воздухот, особено долготрајната изложеност на загаденост. Тимот анализирал 296.078 на возраст од 16 до 55 години во Тајван без евиденција за нивната дисменореја пред 2000-та година. Земено е предвид колку долго биле изложени на загаден воздух врз основа на нивната адреса.
Анализата покажала дека од 2000 до 2013-та година 4,2 проценти од жените имале дијагноза дисменореја. Како што се очекувало и врз основа на некои претходни студии, помладите жени, оние со послаби приходи и оние кои живеат во урбанизирани области, имале поголем ризик од дисменореја. Меѓутоа, податоците исто така откриле дека жените кои живеат во подрачја со најголемо ниво на загаденост на воздухот го зголемува ризикот од дисменореја од 16,7 до 33,1 пати.
Извор: b92.net/zdravlje