Трето издание на „Тhe Park Festival“ во Гостивар, со четири вечери музика – ММС
ММС

Објавено на: 07/8/21 5:08 PM

Трето издание на „Тhe Park Festival“ во Гостивар, со четири вечери музика

Познати и реномирани изведувачи на популарна, рок ен рол и електронска музика ќе настапат на претстојното издание на Парк фестивал („Тhe Park Festival”) во Гостивар. Во четирите фестивалски вечери ќе има претставување на млади уметници со ликовни дела и перформанси.

Третото издание на фестивалот, кој лани претрпе извесни промени заради пандемијата, годинава се враќа на првичната концепција

– Минатата година имавме успешна едиција, иако се соочувавме со големи предизвици и ограничувања. Претендираме со концептот да бидеме интернационални, но поканивме и артисти од Македонија. Водевме сметка да бидат реномирани и со висок квалитет. Сметам дека тоа ниво е постигнато, со оглед дека постигнавме договори со значајни имиња, изјави за МИА Ертон Весели музички директор на фестивалот.

На The Park Festival оваа година ќе настапат на три различни сцени ќе настапат: актуелната ју тјуб ѕвезда милионски прегледи Дафина Зеќири, рок составот Елита 5, ска-панк бендот Суперхикс, Офкестра, гитаристот Астрит Стафаи со Ол Стар Бенд, Зани Бенд, Шкелзен Бафтјари, Бесарта Муртезани, Дуо Гитар, Нита Речи и Бенд, Јон Иди, Дина Јашари, Стонун Xеџ и уште неколку имиња од светот на електронската музика.

Сцените на кој ќе се одржуваат настапите е просторот во големиот градски парк, а во попланевните и вечерните часови на шеталиштето на кејот ќе се организраат дополнителни активности како дел од фестивалот. Како една од атрактициите за оваа година е доаѓање на голема група љубители на мотоцикли. Над двесте лленови на мото клуб од Европа ќе направи дефиле по градските улици со моќни машини од марката „Херлеј Дејвидсон” (Harley-Davidson)

– Тhe Park Festival 2021 и ова година продолжува со единствена желба и мисија, каде што, преку уметноста на музиката да ја сузбиеме вознемиреноста што ја доживеавме досега. Кај нас постои желба да овозможиме едно мало бегство од реалноста и да ја „нахраниме” душата со оригинални вредности пренесени преку уметноста на музиката. Тоа е всушност и главната цел на второто издание на The Park. вели Јетон Весели организацискиот директор на фестивалот во разговорот со допинсникот на МИА од Гостивар.

 

МИА