Боки 13 е маченик, има фобија од затворен простор, како ли издржа во затвор, загрижена е Лепа Лукиќ за пријателот – ММС
ММС

Објавено на: 07/8/21 12:56 PM

Боки 13 е маченик, има фобија од затворен простор, како ли издржа во затвор, загрижена е Лепа Лукиќ за пријателот

Пејачката Лепа Лукиќ не ги заборава своите стари пријатели, вклучувајќи го и нејзиниот цимер од реалното шоу Бојан Јовановски, познат како Боки 13, со кого продолжи да се дружи и по „Големиот брат“, каде и двајцата учествуваа.

Лепа за Курир открива дека била во постојан контакт со семејството на Боки, додека тој бил во затвор.

– Цело време се слушам со Боки 13. Цело време додека беше во затвор, бев во контакт со неговата мајка, се јавував и прашував како е, дали му треба нешто и како можам да му помогнам. Кога го пуштија на домашен притвор, веднаш ми се јави. Ми рече дека излегол. Ние со години се дружиме..

Тој секогаш беше добар со мене, и ова што го направи вака, не е моја работа. Бев многу среќна што го слушнав. Тој ми рече дека сега е во добра здравствена состојба, мнпгу ослабел таму во затвор. Тој има маченичка фобија од затворен простор, па го прашав како издржа една година затвор. Тој ја негира вината, вели дека сè му било наместено и дека нема никаква врска со она за што го обвинуваат – рекла Лепа.

Во октомври 2020 година, Апелациониот суд на Северна Македонија донесе одлука шоуменот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, да биде префрлен од притвор во истражниот затвор во домашен притвор.

Јовановски беше во притвор во истражниот затвор „Скопје“ од 15 јули 2019 година, кога беше отворена истрага за случајот „Рекет“, во кој тој беше осуден на девет години затвор во јуни минатата година.

Неговата жалба против одлуката на Кривичниот суд во Скопје за притвор беше одбиена неколку пати, како и барањето тој да биде префрлен во домашен притвор поради лошата здравствена состојба.

Против Јовановски се води друга постапка пред судот во Скопје, во која тој е првообвинет за финансиски проневери.

Извор: Курир.рс