Поради фризерска грешка, Лаура Дарви пред две години остана буквално без половина од својата коса. Имено, таа верувала дека нејзината фризерка е стручна и дека без потешкотии по хемиски пат ќе и’ ја израмни односно исправи косата, но се излажала. Целиот процес изгледал како се’ да е во ред, се’ додека фризерката не отишла на пауза за ручек и така заборавила на хемикалиите на главата на својата клиентка.
„Косата ми беше многу густа и ја исправував секој ден. Мислев дека со хемиското исправување косата нема да биде толку оштетена како со секојдневното пеглање. Навистина истражував за ризиците“, изјавила дваесет и четиригодишната Лаура.
Своето искуство таа го споделила неодамна на ТикТок, а видеото стана вирален хит. Незгодата се случила во 2019-та година, а парите и’ биле вратени назад. И’ биле потребни две години и околу 9 илјади евра за перики, екстензии и разни третмани за раст на косата, со цел таа да се обнови.
@laurajarvie3
„Малку плачев па преболев се’. Постојано се потсетував дека косата расте и дека на многумина им паѓа во многу полоши околности, како што е хемотерапијата“, додала девојката.
Фото: Илустрација / Designed by Freepik
Извор: kurir.rs