Претседателот на ДУИ Али Ахмети денес оствари средба со поранешниот Врховен командант на НАТО, Генерал Весли Кларк.
Кларк му рече на Ахмети дека има легендарна улога во градењето на оваа држава и дека бил жива легенда.
„Вие имавте легендарна улога во градењето на оваа држава, вие Ахмети сте вистинска легенда. Изградивте партија што се претвора во ’рбет на стабилноста на земјата. Фасцинантна трансформација за оваа земја која можеше да заврши со нестабилност, стана моќна држава на стабилноста “, рече Кларк.
Претседателот Ахмети и генералот Кларк разговараа и за членството на Република Северна Македонија во НАТО, помошта што Соединетите Американски Држави ја дадоа во оваа насока, конструктивната улога на земјата, градењето на еднакво општество и предизвиците што ги има земјата на патот кон интеграцијата во Европската Унија.
„Нашите пријатели и сојузници од Соединетите Американски Држави отсекогаш биле силата што не поддржувала во најтешките времиња и исто така во најдобрите моменти на нашиот народ“, рече Ахмети за време на средбата со генералот Кларк.
Ахмети им се заблагодари на генералот и на НАТО, потенцирајќи дека сите достигнувања се заеднички и дека како земја и како народ сме им вечно благодарни.