Ова е вистината за бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ – Саша Поповиќ ги изнесе јавно сите детали – ММС
ММС

Објавено на: 07/8/21 9:41 AM

Ова е вистината за бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ – Саша Поповиќ ги изнесе јавно сите детали

Бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ со години е главна тема на јавноста. Без разлика дали се пишува вистината за нив, или се работи за шпекулации, Јелена и Душко се меѓу омилените теми, кои читателите не ги пропуштаат. Токму од таа причина, ниту една јавна личност што ја познава двојката Карлеуша-Тошиќ не е поштедена од прашања во врска со нивниот брак.

Пред истото прашање се најде и Саша Поповиќ, од кога медиумите конечно сакаа да ја дознаат вистината за бракот на Јелена и Душко.

По тој повод, Поповиќ откри дека Душко имал можност да го запознае, како и да помине неколку дена одмор со него и со Јелена. Токму тогаш, тој ја видел вистината и си дозволи да го коментира бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ.

– Тие беа заедно со децата на нашата јахта, и сите добро се согласуваа. Се е во ред! – рече Саша за „Скандал“ и додаде дека за развод нема ни збор:

– Не, тие се убаво и хармонично семејство. Не знам дали девојките повеќе ја сакаат мама или тато. Сето тоа изгледаше убаво и компактно и мило ми е за тоа. Пловевме секој ден, одевме на островите, се дружевме. Тие се навистина хармонично семејство и мило ми е за тоа – ја откри тој вистината.

Извор: Република.рс