Илон Маск ги скара Србите и Хрватите – Напиша чиј е Тесла – ММС
ММС

Објавено на: 07/8/21 7:59 AM

Илон Маск ги скара Србите и Хрватите – Напиша чиј е Тесла

Сопственикот на компанијата „Тесла“, Илон Маск, коментирајќи на Твитер на веста за зголемувањето на продажбата на автомобилите на Тесла во Хрватска, напиша дека Тесла е роден во Хрватска, од родители Срби.
„Никола Тесла е роден во Хрватска од родители Срби“, напиша Маск.


Некои веќе ги доставија своите тврдења со изводот на родените на Тесла, а некои пишуваат дека Тесла е роден во Австро-Унгарија.

Никола Тесла е роден на 10 јули 1856 година во Смиљан, како дете на локалниот свештеник на Српската православна црква Милутин Тесла и неговата сопруга Ѓука, на воената граница на тогашна Австрија, денес Република Хрватска.


Се школувал во Госпиќ, Карловац, Грац и Прага. Во периодот од 1881 до 1882 година, тој работел во Централната телеграфска канцеларија во Будимпешта, и таму го започнал својот голем период на пронаоѓање – тој го усовршил уредот за засилување на гласот на телефон.

Тој  заминал за Париз во средината на 1882 година, а во САД пристигнал во 1884 година, каде што започнал да работи за компанијата на Едисон.

Извор: b92.net