Првата дама е сепак жива, но во критична состојба – Атентат на претседателот на Хаити – ММС
ММС

Објавено на: 07/7/21 9:01 PM

Првата дама е сепак жива, но во критична состојба – Атентат на претседателот на Хаити

Локалните медиуми денес објавија, повикувајќи се на медицински извори, дека првата дама на Хаити, Martina Moïse починала откако била ранета во атентатот во кој беше убиен нејзиниот сопруг, претседателот Jovenel Moïse, но таа сепак е жива.

Хаити Либре пишува дека портпаролот на Амбасадата на Доминиканската Република на Хаити, Хозе Луис Сото, потврдил дека првата дама е сè уште жива, но во критична состојба.

Тој исто така истакна дека поради нејзината состојба се разгледува можноста за нејзино префрлување во САД или Доминиканската Република на лекување.

Амбасадата изјави дека, иако е во критична состојба, Martina Moïse има стабилни витални знаци.
Претходно беше објавено дека претседателот на Хаити бил убиен од командоси, од кои некои зборувале шпански.

Извор и фото:n1info.com