Саутгејт го менува Санчо за Сака, Данците со идентичен состав ќе истрчаат во полуфиналето на „Вембли“ – ММС
ММС

Објавено на: 07/7/21 6:54 PM

Саутгејт го менува Санчо за Сака, Данците со идентичен состав ќе истрчаат во полуфиналето на „Вембли“

Во пресрет на вториот полуфиналниот дуел на Европското првенство, селекторите на Англија и Данска не се осмелија премногу да експериментираат со првите состави. Освен малата рокада Санчо-Сака на десната страна во офанзивата на „Гордиот Албион“, Англичаните против Данска ќе се појават со идентична 11-ка како на „Олимпико“ против селекцијата на Украина.

Пикфорд веќе стандардно во формација 4-2-3-1 ќе го брани голот на Англија, на централните позиции во дефанзивната ќе се најдат Мегваер и Стоунс, додека пак на страничните позиции во одбраната ќе бидат бековите на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, Вокер и Шо.

Англија: Пикфорд, Шо, Вокер, Стоунс, Мегваер, Филипс, Рајс, Маунт, Сака, Стерлинг, Кејн.

Селекторот на можеби најголемото изненадување на турнирот, Каспер Хјулманд, не остави простор за изненадување во ростерот на Данците. Напаѓачот на Лајпциг, Јусуф Полсен, очигледно не е подготвен да стартува од прва минута, а десниот бек на Валенсија, Даниел Вас, го загуби местото од неговиот позиционен колега од Удинезе, Стригер Ларсен. Нападот на Данска ќе го предводат Брејтвајт и Долберг.

Данска: Шмајхел, Ларсен, Меле, Кристенсен, Кјаер, Вестергард, Дилејне, Хојбјерг, Дамсгард, Брејтвајт, Долберг.

Победникот од вечерашното соочување ќе се сретне со Италија во финалето на ЕУРО 2020 во недела на „Вембли“.

 

 

Фото:

Twitter /@StatmanDave