Џани Алиоски на радарот на Мурињо – ММС
ММС

Објавено на: 07/7/21 5:33 PM

Џани Алиоски на радарот на Мурињо

Повредата на левиот бек на италијанската репрезентација, Леонардо Спинацола, ги принуди челниците на Рома да се активираат на трансфер пазарот и да пронајдат адекватна замена за него во сезоната 2021/2022.

Покрај Емерсон од Челзи, најновото име кое се наоѓа на списокот на желби на Жозе Мурињо е македонскиот репрезентативец кој во моментов е слободен играч, Џани Алиоски. Според „Il Tempo“, дваесет и деветогдишниот лев офанзивен бек и доскорашен играч на Лидс Јунајтед, Рома веќе стапила во контакт со неговиот агент и наскоро ќе започне со преговори за негово доведување на „Олимпико“.

Милан и Наполи, како што пренесува италијанскиот медиум, исто така се во комбинација за ангажирање на Џани Алиоски, кој не успеа да се договори со премиерлигашот и да го продолжи договорот на „Еланд Роуд“.

Претходната сезона во 36 настапи, Алиоски забележа два погодоци и три асистенции во „белиот“ дрес.

 

Фото:

Twitter