Во Врање досега со првата доза вакцинирани се 11.007 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 6.362 наши државјани – јави дописникот на МИА од Белград.
Како што соопшти „Југпрес”, до 6 јули годинава на Спортски центар во Врање, кој е главен вакцинален пункт во овој град, вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини во Врање изнесува 71.693.
Од нив бројот бројот на вакцинирани граѓани на Република Северна Македонија со првата доза е 11.007.
Бројот на вакцинирани граѓани на Република Северна Македонија кои се вакцинирале со втората доза изнесува 6.362 и двајца државјани на Република Босна и Херцеговина.
Вчера беа дадени 562 дози. Од таа бројка, 82 Македонци ја примија првата, додека 393 македонски граѓани ја примија втората доза на вакцината.
Најголем број македонски граѓани во Врање се вакцинирале со кинеската вакцина „Синофарм”, додека помал број ја добиле вакцината на „Фајзер”, „Спутник В” и „АстраЗенека”.
Фото: Архива / Македонски медиа сервис
МИА