Син ми е 20 месеци без мајка – Северина повторно на суд со бившиот сопруг за старателство – ММС
ММС

Објавено на: 07/7/21 1:35 PM

Син ми е 20 месеци без мајка – Северина повторно на суд со бившиот сопруг за старателство

Утрово, Северина и нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ пристигнале одделно во окружниот суд во Сплит, на рочиште на кое се одлучува за старателство над нивниот заеднички син. Поповиќ не дал изјави, а Северина се надева дека ќе го гледа својот син почесто од секој втор викенд и половина од празниците како што сега го гледа според судската одлука.

Еве што рече таа  рече за дневникот на  Нова ТВ.
“Јас сум многу тажна. Веќе 20 месеци моето дете е без мајка и јас сум без дете под многу невообичаени околности, но верувам во правда и се надевам дека сè ќе биде добро, рече таа.

По завршување на рочиштето нејзиниот адвокат рече:
“Одлуката е завршена, повеќе докази нема да се спроведуваат. Го заклучија сослушување и дискусијата и одлуката ќе следи во одреден временски период”, рече адвокатот на Северина, Мате Матиќ, за дневник.хр