Апсење на граничниот премин „Долно Блаце“ – ММС
ММС

Објавено на: 07/7/21 12:34 PM

Апсење на граничниот премин „Долно Блаце“

Лице кое се барало со потерница, уапсено е на граничниот премин „Долно Блаце“, информираат од МИнистерството за внатрешни работи.

– Вера во 18.10 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, од полициски службеници е лишен од слобода А.Ф.(63) од с.Танушевци, скопско, бидејќи по извршена проверка било констатирано дека во службената евиденција e со мерка „aпси“, по добиена наредба од Основен суд Скопје 1. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Чаир за понатамошна постапка, стои во соопштението на МВР.