Ѓорче Петров се движи во добра насока, покажуваат анкетите на јавното мислење направена од М-Проспек – ММС
ММС

Објавено на: 07/7/21 12:49 PM

Ѓорче Петров се движи во добра насока, покажуваат анкетите на јавното мислење направена од М-Проспек

Анкета на М-Проспект покажува каква е перцепција на граѓаните е дека Општина Ѓорче Петров и во какви насоки се движи општината.

Според резултатите на анкетата спроведена по телефонски пат, 37,3 отсто од испитаниците сметаат дека општината се движи во добра насока, 32,5 во лоша насока, додека 29,9 кажале дека таа не се движи ниту во добра ниту во лоша насока.

Според  анкетата на М-Проспект, во последните две години  СДСМ е убедливо најактивна партија во Ѓорче Петров.  Дури 30,5 % од анкетираните граѓани одговориле дека СДСМ е најактивната партија во Ѓорче Петров, додека 24,9 % сметаат дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ.

Анкетата е направена од М-Проспект по телефонски пат во периодот февруари 2021 година, на примерок од 960 полнолетни граѓани на Ѓорче Петров со маргина на грешка од +/- 3%.

Фото: mk.wikipedia.org