Првиот спектакуларен полуфинален дуел на Европското првенство, на „Вембли“ ќе донесе судир помеѓу Италија и Шпанија, репрезентации од самиот врв на светскиот фудбал.
Повредата на еден од најдобрите поединци на турнирот, Леонардо Спинацола, му создаде „главоболки“ на селекторот Роберто Манчини пред одлучувачкиот меч со првакот на Европа од 2008 и 2012 година. Неговото место на левата бековска позиција ќе го пополни бекот на Челзи, Емерсон
Освен отсуството на Алесандро Флоренци уште по воведните минути на овој шампионат и повредата на ахиловата тетива на бекот на Рома, „аѕурите“ немаат никакви отсуства и ќе настапат со поприлично очекувана прва 11-ка.
Италија: Донарума, Ди Лоренцо, Киелини, Бонучи, Верати, Жоргињо, Барела, Киеза, Инсиње, Имобиле.
Кај Шпанците како по навика, барем по навика кај Луис Енрике, од натпревар во натпревар составот е „измешан“ и освен поранешниот тренер на Барселона, никој нема претстава како ќе изгледа „црвената“ фурија на теренот.
Овојпат колатерална штета е оспоруваниот шпиц на Јувентус, Алваро Мората, кој мечот ќе го стартува од клупата за резерви, додека пак повредениот Пабло Сарабија ќе го менува играчот на Реал Сосиедад, Микел Ојарзабал.
Шпанија: Унаи Симон, Азпиликуета, Ерик Гарсија, Лапорте, Алба, Коке, Педри, Бускец, Олмо, Феран Торес, Ојарзабал.
Полуфиналниот меч започнува од 21:00 на легендарниот стадион „Вембли“ во Лондон.
Фото: