На Инфективното одделение во велешката болница, се лекува 43 годишен пациент кај кого е откриен индискиот сој на коронавирусот. Тој се вратил од Англија пред две недели а веќе седми ден е хоспитализиран во велешката болница. Потпаролката на Општа болница Велес, Д-р Елеонора Јованова соопшти дека пациентот е со полесна клиничка слика и не е на кислородна поддршка.
Според министерот за здравство, Венко Филипче, велешанецот е четвртиот откриен случај позитивен на индискиот сој. Во моментов се чекаат резултати за уште четворица пациенти кои се водат како сомнителни.
Согласно податоците на Институт за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.873 тестирања а регистрирани се 16 нови случаи на коронавирусот и четворица оздравени пациенти.
Стефани Манева