Во Лабораторијата за Гентика и Персонализирана Медицина при Жан Митрев Клиниката во Скопје во текот на вчерашниот ден беа идентификувани двајца пациенти позитивни за делта сојот на SARS-CoV-2 (B.1.617.2) со што и официјално беше потврдено дека делта сојот се шири во Македонија.
Уште од самиот почеток на пандемијата, во лабораторијата редовно се врши секвенционирање на позитивните примероци со цел детекција на нови соеви во државата. Сите позитивни примероци за кои внимателно се утврдува дека се сомнителни за некој друг сој на вирусот, различен од доминантниот, подлежат на понатамошно секвенционирање и утврдување на конкретниот сој.
Во овој случај беше детерминирано дека се работи за делта сојот, уште познат и како ,,индиски,, сој.
Во јануари годинава во лабораторијата за прв пат во државава беше детектиран британскиот сој на вирусот. Од тогаш лабораторијата континуирано продолжува да ги применува светските препораки за редовно секвенционирање на вирусот и да ја следи појавата на нови соеви, како и нивната застапеност во државата.