Родителите на Меланија Трамп добија американско државјанство – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/18 8:09 AM

Родителите на Меланија Трамп добија американско државјанство

Родителите на Меланија Трамп добија американско државјанство за време на службена свеченост, потврди еден од нивните адвокати, Мајкл Вајлдс.

Свекорот и свекрвата на Доналд Трамп го добија своето државјанство преку спонзорство на нивната возрасна ќерка, една од категориите на семејни визи која администрацијата на Трамп сака да ја укине.

Од февруари, тие имаат дозвола за постојан престој во САД.

Виктор Кнавс, продавач на автомобили и неговата сопруга, Амалија, вработена во текстилната фабрика, се постари од 70 години. Тие се во пензија и поголемиот дел од времето го минуваат во САД со ќерката Меланија и внукот Барон (12).