Бил бездомник, а кариерата ја започнал во филмови за возрасни – Како „Роки“ му го спаси животот на Силвестер Сталоне – ММС
ММС

Објавено на: 07/6/21 12:30 PM

Бил бездомник, а кариерата ја започнал во филмови за возрасни – Како „Роки“ му го спаси животот на Силвестер Сталоне

Актерот Силвестер Сталоне денеска го слави својот 75-ти роденден . Неговата животна приказна е многу инспиративна, а познат е по макотрпното искачување од бездомник до светски познатата филмска ѕвезда која има милиони во банка и милиони обожаватели.

Син на емигрант со италијанско потекло, Мајкл Силвестер Гарденсио Сталоне, е роден на денешен ден во 1946 година. Силвестер е роден со парализа на долниот лев дел на вилицата, што беше непремостлива пречка на секоја аудиција во првите години од неговиот сон да стане актер.

Сталоне минуваше низ тежок период во животот. Живееше во сиромаштија, па од очај прифати улога во еротски филм, а хонорарот го спаси од спиење на автобуската станица.

– Тага, грижа, страв, неизвесност. Морав да го продадам и кучето, тоа беше најлошото за мене. Секој што имал или има куче знае за што зборувам. Го продадов за 40 долари затоа што едноставно морав да купам храна – рекол актерот.

После две недели, гледал боксерски натпревар помеѓу Мухамед Али и Чак Вепнер, и тоа го инспирираше да го напише сценариото за познатиот филм Роки. Го напишал за 20 часа. Тој се обиде да го продаде и му беа понудени 125.000 американски долари. Сепак, имаше еден услов – тие ја сакаа главната улога, но студиото го одби.

Одбил голема сума пари за сценариото затоа што улогата не му била понудена. По долго преговарање, за мала сума, продуцентската куќа се согласи да го купи сценариото и му ја додели главната улога на Сталоне.

Филмот освои три Оскари, а Сталоне беше номиниран за најдобра машка улога.

Силвестер бил во брак три пати, а сè уште е во брак со неговата последна сопруга Џенифер Флавин (52). Тој има вкупно пет деца, два сина и три ќерки, и сите почнуваат со буквата „С“ исто како него.

Неговите најпознати филмови се продолженијата на Роки, како и Рамбо, поради кои тој стана еден од најистакнатите филмски акциони херои од крајот на минатиот век. Дејствуваше и во комедии.

Извор: Курир.рс