Охридскиот рок пејач Александар Јосифовски вчера вечерта ја промивораше својата прва песна „Иди“, која доаѓа по неговото учество на балканското шоу „Ѕвездите на Гранд“. Промоцијата, како што доликува на охриѓанец се случи на брод.
На промоцијата покрај негови блиски пријатели и колеги присутни беа и повеќе колеги со кои учествуваше на балканското музичко шоу.
-Вие сте моето семејство, сите што беа дел од песната и што сте тука сте ми семејство. Ова се мои битни моменти и се надевам дека се ќе биде во ред. Со вас се е полесно. Рокенролот живее со нас и ние со него, рече Александар.
Погледнете во видеото како изгледаше необичната рок промоција и како изгледа спотот и песната:
View this post on Instagram