„Ви благодарам, Џани“: Алиоски официјално го напушти Лидс Јунајтед – ММС
ММС

Објавено на: 07/5/21 4:48 PM

„Ви благодарам, Џани“: Алиоски официјално го напушти Лидс Јунајтед

На четиригодишниот престој во клубот од Западен Јоркшир му дојде и официјално крајот. Македонскиот репрезентативец, Џани Алиоски, го напушта Лидс Јунајтед и од следната сезона ќе ги брани боите на некој друг европски тим, соопшти денес премиерлигашот и на македонски јазик („Ви благодарам, Џани“) му се заблагодари на харизматичниот фудбалер.

Раководството на пријатното изненадување во најдобрата светска лига му понудило нов договор на Алиоски, но не успеало финално да се договори со него за продолжување на договорот, бидејќи токму Алиоски бил тој кој не бил подготвен да остане да игра под палка на Марсело Биелса.

-Знаев дека Џани ќе биде специјален уште во моментот кога зачекори во оваа зграда. Емоцијата која ја забележав на неговото лице и емоцијата на лицата на неговите родители кога потпиша договор на „Еланд Роуд“, претставуваше прекрасен момент и знаев дека тој ќе даде максимум за Лидс Јунајтед. Џани беше исклучителен и на теренот и надвор од него, ќе им недостасува на неговите соиграчи. Му се заблагодаруваме за неговите напори и му посакуваме успех во иднина, изјави спортскиот дирекрот, Виктор Орта.

Дебито на „Еланд Роунд“ во Чемпионшип, Алиоски го направи во 2017. година во победата од 3:2 против Болтон. За „белите“, популарниот Џани оствари 171 настап и постигна 22 голови.

Според шпекулациите кои се појавија во изминатите неколку месеци, иднината на крилниот македонски бек е во Турција. Фенербахче и Галатасарај се најсериозни кандидати за негово ангажирање.

 

Фото:

Twitter