Нобеловата добитничка Марија Кири Склодовска- највлијателна жена во историјата – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/18 7:51 AM

Нобеловата добитничка Марија Кири Склодовска- највлијателна жена во историјата

Марија Кири Склодовска, полско- француска научничка, е највлијателна жена на столетието, одлучија учесниците во анкетата на Би-Би-Си.

Тие ја рангираа Кири на првото место на листата на сто жени, кои го променија светот, бидејќи таа беше првата личност, која освои две Нобелови награди (физика во 1903 година и хемија во 1911 година) и поради истражувањето за радиоактивноста – зборот кој е таа самата го смислила.

Во Велика Британија наскоро ќе се прослави стогодишнината од правото на глас на жените и во ек е дебата за подобра застапеност на жените во општеството и намалување на јазот во платите помеѓу половите.

На второ место е американската активистка Роза Паркс(одбила да му го отстапи своето место во автобус на бел човек и така ја покренала борбата за правата на црнците во Америка), на трето е Емелин Панкхерст, најзаслужна што жените добиле право на глас.

Англиската математичарка и пионерка на компјутерско програмирање Ада Лавлејс се најде на четвртото место на листата, петта е хемичарка Розалинд Френклин ( молекуларната структура на ДНК.).