Љубителите на чоколадните колачи и торти знаат дека една од најдобрите комбинации во слаткарството е всушност комбинацијата на чоколада и вишни. Овошјето ја подобрува аромата и прави колачот да биде лесен и сочен, додека чоколадата му ја дава онаа неопходна хедонистичка нота, иако колачите со вишни може да се прават и тогаш кога не е сезона за ова овошје.
Потребни состојки:
4 јајца
500 грама шеќер
150 милилитри масло
250 милилитри млеко
300 грама брашно
1 ќесичка прашок за печиво
3 лажички како
500 грама вишни без семка
100 грама маргарин
Подготовка:
Изматете три жолчки со 300 грама шеќер. Во вака приготвената смеса додадете ги маслото, млекото, брашното, прашокот за печиво и какаото.
Во сад за печење премачкан со масло и наросен со брашно сипете половина од смесата па ставете кратко да се пече во рерна. Во меѓувреме изматете три белки, додајте 100 грама шеќер и матете со миксер додека смесата не се соедини. Потоа во неа додајте ги исчистените вишни и сето тоа добро измешајте го со лажица. Извадете го садот за печење од рерна и додајте ги жолчките со шеќерот и вишните. Потоа вратете го садот повторно во рерна со цел филот од вишни малку да се испече. За кратко извадете го садот од рерна и врз филот сипете го остатокот од првично приготвената смеса. Печете се’ додека десертот не се оддели од рабовите на садот за печење. Оставете да се излади.
Во тенџерете ставете 1 јајце, 100 грама шеќер, 100 грама маргарин и 100 грама чоколада и сето тоа стопете го на тивок оган. Со оваа глазура, додека е врела, прелијте го изладениот колач. Нека отстои барем еден час пред да го послужите.
Пријатен апетит!
Фото: Илустрација / Designed by Freepik
Извор: telegraf.rs