Се самоуби Марго Кидер, првата Луис Лејн од „Супермен“ – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/18 7:27 AM

Се самоуби Марго Кидер, првата Луис Лејн од „Супермен“

Актерката Маргот Кидер, најпозната по улогата Луис Лејн во филмовите на „Супермен“ од 70-тите и 80-тите години, е пронајдена мртва на средината на мај. Актерката починала на 69-годишна возраст.

Како што пишува „Гардијан“ Кидер починала во својот дом во градот Ливингстон, во сојузната држава Монтана. Причината за смртта, тогаш кога била објавена тажната вест, не била позната.

Меѓутоа, според „Гардијан“, славната актерка извршила самоубиство. Таа умрела од предозирање со дрога и алкохол.

Нејзината ќерка Меги Мекгејн, изјавила за американските медиуми дека почувствувала „големо олеснување што ја дознала вистината“.

– Важно е да се биде отворен и искрен, за да не ве следи облак на срамот. Важно е да се разговара за менталното здравје и да се побара помош ако ви е потребна – објаснила таа и додала дека нејзината мајка мака мачела уште од 1990 година кога доживеала сообраќајна незгода поради која две години била во инвалидска количка.

Кидер се прослави со улогите на храбрата новинарка Луис Лејн во „Супермен“ снимен во 1978 година со Кристофер Рив. Потоа сними уште две продолженија – „Супермен 2“ во 1980. и „Супермен 3“ во 1993 година. Подоцна добиваше помали филмски улоги, во 2011 година заврши накратко и во затвор, добитник е на наградата „Еми“ за глума во детска серија од 2015 година…

Се мажела три пати, а во 1979 година била во брак само шест дена.