Добро познатиот десерт од чија средина, кога ќе се пресече, како лава истекува растопена чоколада, е вистински начин да се израдувате и себе и најблиските. Загарантирано, воодушевувањето нема да изостане. За да го приготвите овој десет потребни ви се следните состојки:
2 јајца
100 грама чоколада за готвење
100 грама шеќер
100 грама брашно
100 грама путер
Екстракт од ванила
Малини за декорација
Подготовка:
На пареа стопете ги чоколадата и путерот. Јајцата изматете ги со шеќерот и екстрактот од ванила и додајте ги чоколадата и путерот. Потоа додадете го брашното и целата смеса сипете ја во калапи, кои претходно сте ги наросиле со брашно. Важно е да печете само десет минути за да го постигнете посакуваниот резултат. Готовиот колач послужете го топол без ладење со некое освежувачко овошје, како на пример, малини.
Фото: Илустрација / Freepik
Извор: informer.rs