Почина пациентот кај кого беше извршена четвртата трансплатација на срце во нашава земја, открива Телма.
Причината за смртта била инфекција која настанала по операцијата.
И министерот за здравство Венко Филипче утринава ја потврди ја потврди оваа информација за Утрински брифинг.
– Имше една тешка опѓта состојба, иако во еден момент од лекувањето имаше флуктација но и подобрување, но и влошување, но за жал псоледното влошување не го преживеа. Лекарите дадоа се од себе. Не е точно и не е коректно да се кажува дека некој потфрлува во некој дел. Инфекциите во интензивните неги од тие специфични бактерии има насекаде во светот и тоа е така и кај нас. Имаме механизми кои ги користиме за тие пациенти да се излекуваат. И другите пациенти со трансплатација имале таква форма на инфекција, па се излекувале, не значи дека ако има инфекција дека дефинитивно пациентот нема да се спаси. Тоа е еден процес кој го има во интензивние лекувања на пациенти кои престојуваат поради друга болест, рече Венко Филипче.
Министерот додаде дека трансплатацијата не е само оперативниот зафат, туку и постоперативниот период, менаџментот, лекувањето, затоа што тоа е еден мултидисциплинарен пристап каде повеќе лекари специјалисти учествуваат.