Канје Вест со своите изјави и постапки често ја изненадува јавноста, а во последно време е во центарот на вниманието поради разводот со Ким Кардашијан и врската со Ирина Шајк. Дека тука не е крајот, докажа кога на една келнерка во стриптиз бар и рекол дека е потомок на Исус.
Само што се разведе, раперот побрза во стриптиз-клуб и ја покажа својата дарежливост. Келнерката Ванеса Роси, вработена во еден бар во Лос Анџелес, ги откри деталите од посетата на Канје за американските медиуми.
– Тој бараше само ладна вода, не го интересираа стриптизетите што танцуваа околу него, ниту пак побара танц во скут. Со задоволство зборуваше со мене. Тој ми рече дека верува дека е вистински потомок на неговиот Творец, Исус. Разговаравме неколку часа, по што тој ми остави бакшиш од 15 000 долари, ми се заблагодари за разговорот и замина – изјави Ванеса Роси.
Извор: Курир.рс