Жител на Бузалково тешко повреден во сообраќајка кај Росоман – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/18 7:24 AM

Жител на Бузалково тешко повреден во сообраќајка кај Росоман

Четириесет и едногодишниот С.И., од велешкото село Бузалково е тешко повреден во сообраќајната несреќа што вчера попладне се случила кај Росоман – потврди денеска за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Сообраќајната незгода се случила на магистралниот пат Градско – Прилеп, помеѓу патнички автомобил марка „пежо“ со француски регистарски таблички управуван од А.Б.(25) и патнички автомобил марка „фолксваген голф”, со велешки регистарски броеви управуван од жителот на Бузалково. Тешко повредениот бил пренесен и задржан на лекување во ЈЗУ Општа болница – Кавадарци, појасни Додевски.

​Увид на местото на настанот изврши екипа од Полициската станица за општа надлежност Кавадарци.