Ќе се воведат ли нови рестрикции? Комисијата за заразни болести денес ќе одлучува за мерки против делта сојот – ММС
ММС

Објавено на: 07/5/21 7:13 AM

Ќе се воведат ли нови рестрикции? Комисијата за заразни болести денес ќе одлучува за мерки против делта сојот

Комисијата за заразни болести денеска ќе одлучува за воведување рестрикции во однос на заштита на границите против ширењето на делта сојот на коронавирусот, кој се рашири низ Европа и ќе процени дали тестовите се вистинската мерка со која ќе може да се заштитиме.

Oд денеска почнува и вакциницијата на вработените во основните и средните училишта во државата. Оваа недела ќе започне закажувањето термини за вакцинација и на вработените во високообразовните институции. Во зголемувањето на бројот на имунизирани лица треба да придонесе и теренската вакцинација, која е веќе почната кај нас. Властите најавуваат дека теренската вакцинација ќе се интензивира и ќе придонесе да се вакцинираат жителите кои се хронично болни и помалку подвижни, а кои живеат во оддалечените места околу големите градови.
Во петокот министерот за здравство Венко Филипче најави дека денеска ќе има состанок со директорите на сите здравствени домови. Стигнати се малите фрижидери, кои, како што рече, треба да се дел од опремата за теренската вакцинација.

Во однос на вакцинирањето на трудниците и доилките, министерот посочи дека ставот на Стручниот комитет е дека за нив треба да се преферира вакцината на „Фајзер“. Од ресорното Министерство уверуваат дека сите граѓани кои изразиле желба за вакцинација ќе се вакцинираат и додаваат дека процесот оди многу брзо и оти располагаат и со голем број вакцини.
Најавуваат дека периодов ќе пристигнуваат дополнителнтелни пратки вакцини кои ги купивме во директни преговори со „Фајзер“, „Спутник В“, како и вакцини преку Ковакс механизмот.

МИА