Папата Франциск е примен во во римската болница каде треба да му се изврши операција на дебелото црево, објави денеска Ватикан.
Портпаролот на Светата столица, Матео Бруни, рече дека папата пати од „симптоматска дивертикуларна стеноза“ на дебелото црево, што е состојба која може да предизвика болки во стомакот, надуеност и промени во системот за варење.
Бруни наведе дека операцијата ќе биде изведена „покасно во неделата, во римската болница Џемели, во која се лечат поглаварите на римокатоличката црква.
Ова е прв пат папата Франциск да биде примен во болница од кога е избран во 2013 година, а по операцијата како што се наведува, Ватикан ќе објави уште едно соопштение.
извор:Н1.рс